Неисправна вода за пиење во повеќе населени места во прилепско

Водата не е здравствено исправна за пиење во населените места: Волково, Прилепец,Чумово, Мало Рувци, Старо Лагово, од локалниот водовод на селото Алинци, Веселчани, Загорани, Ѓумушица, Тројкрсти, Чепигово, село Ерековци и Канатларци, информираа од Центарот за јавно здравје – Прилеп.

 

Водата од овие чешми според Центарот за јавно здравје не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути. Од Центарот, вршат редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде што нема водоводи кои што се вклучени во водоводната мрежа со која стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien