Хиперинфлација во Венецуела – некогаш пребогата земја, денес граѓаните гладуваат

Жителите на Венецуела се во очај. Нема електрична енергија, а инфлацијата достигна и милион проценти. И покрај ветувањата на Николас Мадуро дека инфлацијата ќе ја направи петоциферена , животот на жителите е неподнослив.

 

Улиците се празни, илјадници луѓе избегаа од земјата и како бегалци живеат во околните држави. Колумбија веќе забрани бегалците од Венецуела да влегуваат во државата без пасош, а истата мерка од денеска ја воведе и Перу. Жителите се обидуваат да избегаат преку Колумбија до Еквадор , но сега и тоа е невозможно. Стотици илјади се заглавени во пограничните простори на овие земји.

 

Слично на Југославија во 1993 година, граѓаните на Венецуела за само едно одење во продавница мора да потрошат милиони. Националната валута, боливар, толку малку вреди, што ни со полна шака пари не би било возможно да се направи најосновното купување за едно семејство, а на тоа треба да му се додаде и фактот дека полиците се празни, а платите исклучително ниски.

 

За едно просечно пиле (2,4 кг) граѓаните на таа некогаш богата држава сега мора да издвојат 14 600 000 боливри (околу два долари). За само една ролна тоалет хартија е потребно да се издвојат дури 2 600 000 боливри (околу 0,4 долари), килограм моркови чини 3 000 000 боливри (0,46 долари), пелени 8 000 000 боливри – 1,22 долари и слично.

 

За некој кој тоа може да си го дозволи, просечно одење во продавница би можело да чини и десет или 15 милиони боливри. Да се работи за некоја друга валута, тоа би било вистинско богатство, но боливрата е толку девалвирана што не вреди ништо. Просечната плата во Венецуела е доволна да се купи само еден килограм месо.

 

Првиот ден на новиот план за економијата Мадуро го прогласи за државен празник. Според планот, презентиран во петокот, платите ќе се зголемат за 3.000% , ќе се зголеми корпоративниот данок, а националната валута боливар ќе се поврзе со петро, нафтена криптовалута, измислена од владата на Мадуро. Според експертите, планот само дополнително ќе ја влоши состојбата.

Мадуро смета дека економската криза и хиперинфлацијата во неговата земја се должи на „економската војна”, која ја води венецуелската десница и САД за да соборат од власт.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien