Честитка на градоначалникот Илија Јованоски по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски испрати честитка до сограѓаните од муслиманска вероисповед по повод Курбан Бајрам со желби за радост, среќа, благосостојба и душевен мир.

 

Во овие празнични мигови, со желби за радост, среќа, благосостојба и душевен мир, дозволете да Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Овој празник нè потсетува на вредностите што празникот ги слави: меѓусебната почит, солидарноста, добрината кон различните и помошта на немоќните.

 

Големите верски празници се денови за потенцирање на вредностите на заедничкиот живот, на соживотот на луѓето од различна вероисповед. Сите ние, граѓаните од различни вери и заедници, треба да продолжиме заедно да ја градиме иднината на Прилеп и на Република Македонија, бидејќи тоа е единствениот вистински пат за сите нас.

 

Уште еднаш Ви го честитам Курбан Бајрам и Ви посакувам деновите на празнување да ги поминете со добра мисла и во семејно опкружување.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien