ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Здравството е во колапс, во Прилеп се нема вложено ниту денар за подобри услови

Наместо  здравство по европски стандард, бесплатно болничко лекување и 100.000 денари плата за докторите како што ни ветуваа, добивме само низа скандали за кои секојдневно сведочиме и нула инвестиции во здравството, кое секаде е во колапс. Ова се обвинувањата кои ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ги упати на денешната прес конференција.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Иако од СДС ветуваа здравство по европски стандард, бесплатно болничко лекување, 100.000 денари плата за докторите, освен низа скандали за кои секојдневно сведочиме и нула инвестиции, нема што да им понудат на граѓаните.

Здравството секаде е во колапс. Средствата од буџетот се трошат за задоволување на апетитите на блиски соработници до власта, а сето тоа на штета на обичниот граѓанин. Она што Прилеп и прилепчани добија од оваа влада, е одлуката која Филипче ја кажа пред одреден период, а тоа е дека нашата општина останува без лабораторија, па така прилепчани ќе бидат принудени лабораториските услуги да ги извршуваат во соседните градови како Битола.

Пред некој месец, одделението во градската болница за анестезија и реанимација, беше оставено без основните лекови за работа, при што на пациентите им беа одлагани операциите.

За потсетување, во наше време беа вложени околу 30 милиони денари во набавка во нова опрема, вклучувајќи четири ехо доплер апарати во одделенијата на рентген, интерно и урологија, оперативен стол со сателит светло и ехо апарат за операционата сала на гинекологија, мобилен RTG апарат на ортопедското одделение, пет пациент монитори, еден апарат за анестезија, компјутерски томограф и дигитален мамограф во Градската болница. Пет милиони денари беа инвестирани во апарати за дијагностика во лабораторијата, спортската и трудова медицина во ЈЗУ Здравствен дом. Оваа установа доби и комплетно нов возен парк, со нови санитетски возила за службите за итна медицинска помош и домашно лекување.

Ги повикуваме директорите на Здравствен дом, Градска болница и Центарот за јавно здравје да кажат кои инвестиции ги реализираа досега во нивните установи и со што придонесоа во нивно подобрување? Колку средства од буџетот на Република Македонија се издвоени за продолжување на овој тренд на реконструкција и набавка на нова опрема?

И наместо да го замајуваат народот со некакви донации и вообичаената ЌЕ реторика за некое идно време, да кажат што конкретно сработија досега? Почитувани, за жал владата предводена од СДС е фокусирана на делење матни тендери од речиси 40 милиони евра на новорегистрирани фирми, тендери поврзани меѓу ќерка и татко, тендери во четири очи без запазување на законската постапка, кои оставаат сомнеж за можен криминал. За речиси 100 млади специјализанти кои неколку пати се обраќаат до Владата, нема плата. Со ваквата ароганција и водење грижа за неколкумина, се остава на цедило една цела генерација на млади доктори кои се жртви на лажни ветувања. СДС не смее да си поигрува со животот и здравјето на граѓаните. Инвестирањето во здравствениот систем мора да продолжи! Затоа е потребно што поскоро оваа неспособна влада да си замине, затоа што нашите граѓани заслужуваат подобро!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи