Семејните трошоци повисoки од просечната плата

Минималните месечни потреби на едно четиричлено семејство во Македонија се повисоки од просечно исплатената нето плата.

 

Според податоците што вчера ги објави Државниот завод за статистика, месечната нето плата во јуни изнесувала 24.203 денари, а минималните месечни потреби на четиричлено семејство во истиот месец, според ССМ, изнесувале 32.658 денари.

 

Синдикалната минимална кошница што ја изработува Сојузот на синдикатите на Македонија покажува дека најмногу пари се трошат за храна и пијалоци, за комунални услуги и одржување на домот. Најмалку пари остануваат за облека и обувки, здравствени услуги и за културни активности.

 

Така, во јуни за исхрана и пијалоци биле потребни 13.609 денари, за комунални услуги 10.491 денар, за превоз 2.349 денари, а за лична хигиена и за одржување на хигиената во домот требало да се одвојат минимум 2.308 денари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien