Џ.К. „Бушидо“ активно ја почнува новата сезона со учество на повеќе државни и меѓународни натпревари

Со интензивни тренинзи кои започнаа вчера Џ.К. „Бушидо“ од Прилеп ја стартува новата сезона. Од клубот велат дека во наредниот период имаат во план бројни учества на државниите натпревари и меѓународните турнири.

 

На 15 септември ќе бидат дел од големиот меѓународен турнир „Трофеј Пантера 2018“ кој ќе се одржи во Бјелина, Република Српска во БиХ, каде се очекува да има над 800 учесници од повеќе држави.

 

„Бушидо“ таму ќе се натпреварува во сите категории, кадети, постари пионери, помлади пионери и деца. Исто така се планира и збратимување со клубот Пантера од Бјелина.

 

Освен за овој меѓународен натпревар Џ.К. „Бушидо“ потенцираа дека започнале и со активни подготовки за Европскиот куп кој на 27 и 28 октовмри ќе се одржи во Копер, Словенија.

 

 

 

 

 

ФОТОГРАФИИ ОД УЧЕСТВОТО НА Џ.К. „БУШИДО“ ЛАНИ НА НАТПРЕВАРОТ ВО БЈЕЛИНА :

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien