Комплетна дезинфекција е извршена на детското одделение во прилепската болница, а се превземаат и други мерки

Комплетна дезинфекција е извршена денеска на детското одделение во прилепската болница каде било лекувано починатото 2 годишно дете. Детето е од прилепското село Житоше, а почина вчера на Инфективната клиника во Скопје од тешка форма на сепса. Дезинфекција била извршена и на медицинското возило со кое детето било однсено од прилепската болница за Скопје.

 

Од Центарот за јавно здравје од Прилеп изјавија дека била дадена и профилакса на целиот медицински тим во Прилеп кој се грижел за детето, а профилакса била дадена и на тимот кој патувал во амбулантното возило сo детето од Прилеп до Скопје.

 

Инаку детето било хоспитализиирано на детското одделение во Прилеп околу 20 часот на 23-ти овој месец со висока температура. А за Скопје било испратено вчера околу 9.30 часот.

 

Од Центарот велат дека денеска профилакса им била дадена и на сите блиски членови од семејството на детето кои биле во контакт со него. Биле земени и брисеви од сите членови на семејството за да се утврди дали кај некој од нив има ваква бактерија.

 

Дезинфекција на домот на детето ќе била направена утре. Од Центарот за јавно здравје од Прилеп велат дека ќе биле превземени сите потребни мерки поврзани со овој случај.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien