Комеморација за Ванчо Петрушевски

Денеска во просториите на Драмскиот театар се одржа комеморација за трагично починатиот Ванчо Петрушевски, џинот од македонската актерска сцена.

 

Низ голема тага и плач неговите колеги, пријатели и членови на семејството се простија од доајенот на македонското глумиште, потсетувајќи се на неговите тетарски дела и богати остварувања  на тетарската и филмската сцена.

 

На сцената излезе неговиот долгогодишен пријател и колега Гоце Тодоровски, кој на свој начин ја изнесе својата емоција.

 

„Во една изјава кажав дека повеќе сум со Ванчо, отколку со самиот себе, 57 години бевме заедно… Немам и не знам што повеќе да кажам“, со тешкотија сподели Тодоровски.

 

Благоја Чоревски пак се заблагодари на животот што го споил со неговиот колега Ванчо Петрушевски.

 

„Јас со Ванчо се знам над 40 години. Ванчо беше извонреден пријател, извонреден актер, извонреден човек. Ова не е заради тоа што тој сега е меѓу ангелите, туку заради тоа што тој навистина беше таков. Најмногу што можам да кажам во овој момент е му благодарам на Бога и на животот воопшто што ме споија со него, што можев да играм, што можам да се сеќавам на него на се убаво и веројатно кога ќе заминам и јас горе ќе си направиме еден театар, „Модро окце“, или „Лево Ќоше““, изјави Чоревски.

 

Актерот Петрушевски  настрада од струен удар додека работел качен на метална скала со електричен заварувач во неговата викендичка во Орешани.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien