ВИДЕО – Холцман : Моето дете почина поради лекарска грешка и несоодветен третман во Прилеп

Мојот дете почина од лекарска грешка и несоодветен третман во прилепската болница. Со вакви обвинувања денеска излезе Илми Холцман, татко на 2 годишното дете од прилепското село Житоше кое пред 2 дена почина на инфективката клиника во Скопје од тешка форма на сепса. Според Холцман детето било примено на детското одделение со температура од 43 степени.

 

 

„Кога стигнавме немаше докторка имаше само 2 сестри, дури ја најдоа докторката им требаше повеќе од еден час. Незнаев каде мие паметот, детето само плачеше а јас го масирав за за тоа време. Кога дојде докторката кога ја измери температурата му даде чепче, но температурата не се симнуваше и на детето му ставија систем“, кажа Илми Холцман, татко на починатото дете.

 

Но и покрај системите и дадената инекција температурата на детето не му спаѓала, а започнало да му помодрува и десната нога. Според таткото од хоспитализирањето до земањето на крвната слика поминале 6 до 7 часа.

 

„Втората инекција која му ја ставија детето започна да го боли десната нога кај петицата. Тоа беше помеѓу 9 и 10 часот некаде, кога започна да му помодрува ногата на детето тоа започна да плаче силно и да ја удира ногата, на докторката тогаш не и беше јасно во што е работата. Тогаш таа ме испрати да му направам крвна слиика на детето, кога се вратив ги зеде резултатите ии не му беше јасно во што е работата“, истакна Холцман.

 

Според Холцман на детето потоа му било дадено уште едно чепче и инекција. Во 3 часот утрото температурата му спаднала на 37,2 по што лекарката го испратила дома. Но за кратко време во тешка состојба повторно се вратиле во болницата.

 

„Ногата тогаш му беше одоздола едно 5 сантиметри помодрена, детето имаше мака не можеше да гази и јас и велам докторке зошто е ваква ногата зошто не може да гази, таа вели дека тоа е од температурата ќе помине додека си појдете дома“, вели Холцман.

 

Холцман обвинува дека детето воопшто не требало да го вратат дома туку во таква состојба тоа требало под итно да биде испратено во Скопје.

 

„Тие не требаше да чекаат до 10 часот утрото другиот ден за да ме пратат во Скопје, кога стигнавме во Скопје ни рекоа дека ова е прекасно“, рече Холцман.

 

Сега вели дека случајот ќе го пријави во австриската амбасада каде децата имале државјанство.

 

„Затоа што јас зборував со матичниот лекар на децата од Австрија, бидејќи тие се родени таму, нормално децата без вакцина од таму не смеат да излегуваат, јас за тоа имам доказ, имам пасош од вакцините, првин децата се вакцинираат, а тука што велат дека детето имало некоја бактерија, тоа не е вистина, за тоа зборував и со матичниот доктор“, додаде Холцман.

 

Директорот на прилепската болница, Драган Богоески истакна дека според неговите сознанија лекарите на детското одделение во Прилеп ги превзеле сите потребни мерки и терапии за третирање на инфекција и висока температура. Но како точно течело лекувањето во Прилеп ќе се знаело утре или другиден кога ќе се одржел состанок со лекарите кои биле на смена кога детето било хоспитализирано.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи