Макрон: Безбедноста на ЕУ веќе не смее да зависи од Америка

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска повторно се заложи за европски проект на одбрана, наведувајќи дека Европа за безбедносните прашања не би требало да се потпира на САД.

 

„Ние треба да ја гарантираме европска безбедност, а со самото тоа и нејзиниот суверентитет“, истакна Макрон во обраќањето пред француските амбасадори во Париз.

 

Тој додаде дека во разговорите за соработката во областа на одбраната би требало да се вклучат сите европски земји и Русија, во случај ако има напредок со Москва за прашањето за Украина.

 

Макрон во говорот ги претстави и приоритетите на француската дипломатија за следната година. Тој ситуацијата во Сирија ја оцени како многу вознемирувачка, пред се во процинцијата Идлиб, каде се заканува нова хуманитарна криза. Идлиб е под контрола на бунтовниците.

 

„Франција не може да ги поставува идните сириски лидери. Но, наша должност и наш интерес е дека сирискиот народ може да го направи тоа“, изјави францускиот претседател додавајќи дека стравува од појава на сериозна хуманитарна криза во сириската провинција Идлиб.

 

Макрон апелираше „уште повеќе да се засили притисокот врз сирискиот режим и неговите сојузници“ за надминување на конфликтот со политички средства.

 

„Во таа насока многу очекувам од Русија и од Турција, пред се поради нивите преземени ангажмани“, кажа Макрон.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи