Македонскиот боксерски репрезентативец Трајче Илиоски на припреми во Копаоник

Македонската боксерска репрезентација од вчера се наоѓа на седум дневни висински припреми на Копаоник, Србија, под водство на селекторот Петре Чурлиновски.

 

Нашата репрезентација се спрема заедно со србската боксерска репрезентација во кадетска и јуниорска категорија. Од Македонија присуствуваат 10 боксери. Од боксерскиот клуб АС од Прилеп присуствува репрезантивецот Трајче Илиоски.

 

Илиоски припремите ги започна од 22-ри овој месец на младинскиот камп што го организира БФМ под водство на тренерот Вели Мумин и тренерите легендарнот Реџеп Реџеповски кои има олимписко сребро, Дарко Чатлески и Мице.

 

„Овие припреми се од големо значење за нашиот боксер. Не очекува втората сезона од бокс лигата на Македонија од кои имаме уште четири кола , државно првенство и европското кадетско првенство што ќе се одржи во Русија почетокот на октомври. Ова е голем придонес за боксот и младите боксери од страна на БФМ и Агенцијата за млади и спорт“, вели тренерот Дарко Чатлески.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien