Девет години затвор за екс потпретседателот на ФИФА

Судот во Њујорк го осуди поранешниот потпретседател на ФИФА, Хуан Анхел Напут (Парагвај) на девет години затвор, напиша во својот профил на Твитер новинарот Кен Бесинџер од Buzzfeed.

 

Претходно судот го прогласи поранешниот шеф на Светската фудбалска федерација за виновен по обвинение за корупција. Во август уште еден висок функционер во светскиот фудбал – поранешниот претседател на Бразилската федерација Хозе Марија Марин исто така беше осуден за корупција, но на четири години затвор.

 

Обвинителството првично сакаше 20 години затвор за Напут поради серија од врски со негово учество во корупциски скандали и шеми, како и за продавање на ТВ-права под пазарната цена или пак земање нерегулирани провизии. Неговите адвокати бараа многу помала казна, тврдејќи за претераната улога од обвинителството.

 

Напут е на 60 години, поранешен претседател на Парагвајската фудбалска федерација, како и член на управата на јужноамерикански централа КОНМЕБОЛ и како таков се најде во ФИФА. Наводно, тој е виновен за добивање на 10,5 милиони долари.

 

86-годишниот Марин, како и Напут, беа уапсени од американската полиција за време на конгресот на ФИФА во Швајцарија и станаа дел од откривањето на најголемата корупциска шема во историјата на светскиот фудбал.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien