За 5% ќе се зголемам платите во основното и средното образование

На последната седница на Влада, беше изгласана одлука за покачување на платите во основното и средното образование за 5%. Покачувањето ќе стартува со септемвриската плата.

 

На покачувањето му претходеше потпишување на договор меѓу министерството за образование и наука и самостојниот синдикат за образование, наука и култура.

 

Целта како што информираат од Владата е подобрување на статусот на работниците во основните и средните училишта, а со спогодбата се утврдува и најниската плата.

 

Од синдикатот ја поздравија спогодбата за покачување на платите, но велат тоа треба да е само почеток и поттик за понатамошни зголемувања, особено во високото образование. Само на тој начин според нив, ќе се подобри и квалитетот на образованието во Македонија.

 

Со спогодбата, најниската плата на сите вработени во основните училишта ќе изнесува 12.714 денари, а најниската плата за вработените во средните училишта ќе изнесува 13.117 денари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien