Претседателот Иванов нема да биде во Македонија за време на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов нема да биде присутен во земјава за време на одржувањето на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија. Од Кабинетот на претседателот истакнаа дека Иванов ќе биде спречен да го даде својот глас „за“ или „против“ на референдумот, поради тоа што, ќе ја претставува Македонија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

 

„Неговото отсуство од земјава е резултат на договорениот „систем на ротација“, според кој една година во Њујорк оди премиерот, а друга година шефот на државата“, велат од Кабинетот.

 

Генералното собрание на ОН годинава ќе се одржува од 25 до 30 септември. Според прелиминарниот распоред на учесници во главната дебата на генералното собрание на ОН, претседателот Иванов ќе има свое обраќање на 27 септември.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien