Пукна брана во Мјанмар: Евакуирани над 60.000 луѓе

Над 60.000 луѓе се евакуирани од своите домови во централниот дел на Мјанмар, откако поради пукање на брана водата го поплавила градот Свар и околните села. Во прекин е и главната сообраќајница, објавија официјални претставници.

 

Најмалку 85 села се поплавени, а надојдената вода го поплавила и главниот автопат поради што во прекин е сообраќајот помеѓу градовите Јангон, Мандалеј и Нејпјидо.

 

Голем број луѓе, вклучувајќи и оние за кои нема закана од поплавите, одлучиле да ги напуштат своите домови поради стрaв од зголемување на нивото на водата.

 

Пожарникарите, армијата и официјалните претставници почнаа операции за спасување кога попушти браната „Суар“ во централниот дел на земјата, каде што водата се користи за наводнување.

Зав Тун, заменикот директор во Одделението за наводнување и користење на водата изјавил за локалните медиуми дека нивото на водата во поплавените делови  почнало полека на да намалува.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien