78-годишен прилепчанец почина додека шетал по брегот на Охридското Езеро

Прилепчанец починал вчера околу 10:30 часот откако му се слошило додека стоел непосредно до брегот на Охридското Езеро.

 

Седумдесет и осумгодишниот М.М. паднал во водата, а од присутните граѓани бил изваден и му била укажана помош. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде е констатирана смрт.

 

Извршен е увид на местото на несреќата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien