Концерт на младиот Арсениј Ангелески во Прилеп

Во понеделник на 3 септември од 20.00 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ прилепскиот млад надежен тален Арсениј Ангелески ќе одржи солистички рецитал на кој ќе се претстави со дела – бисери на светската пијанистичка литература – Бах, Клементи, Менделсон, Шостаковиќ, Рахмањинов…

 

Ангелески е ученик во осмо одделение во ОМУ„Ордан Михајлоски – Оцка“ во класата  по пијано на проф. Христина Никоска. Исклучително талентиран млад пијанист е, зад кој стојат многубројни успешни награди, концерти и настапи не само во земјата, туку и во странство.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien