ВИДЕО – СДСМ со хуманитарна акција за социјално-загрозени семејства во пресрет на новата учебна година

На само неколку денови пред почетокот на новата учебна година, уште еднаш, како во изминатите неколку години, ќе бидеме дел од подготовките за новата учебна година, за повеќе семејства и дечиња од нашиот град. Истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Социлајдемократскиот сојуз на Македонија е одговорна партија и кога е во опозиција и кога е на власт. Така во организација на Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Прилеп, ја спроведуваме хуманитарната активност доделување на школски прибор и училишни ранци на деца од семејства во социјален ризик, повеќедетни семејства и семејства кои што имаат дечиња со попреченост.

 

А целта е, да им се олесни почетокот на учебната година, како и да им оддадеме внимание, водејќи се од принципот достапност и квалитетно образование на секое дете. На сите дечиња им посакуваме успешен почеток на новата учебна година со желби за успех и напредок“, велат од ОО на СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien