ВИДЕО – Царовска : ЕУ значи искористување повеќе фондови за социјални услуги на локално ниво

Продолжува кампањата на власта за убедување на граѓаните на 30 септември да излезат и да гласаат ЗА на референдумот. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска го посети Центарот за деца со деребрална парализа во Прилеп, кој треба да биде пуштен во употреба за 15-тина денови, и при тоа потсети што ќе значи влезот на Македонија во ЕУ и искористувањето на европските фондови за социјални услуги на локално ниво.

 

„Во изминатиов период отворивме градинка, а за 15-тина денови отвораме Центар за деца со церебрална парализа и сето тоа го направивме за 1 година. Со тоа создаваме услуги на локално ниво со кои покажуваме дека се грижиме за граѓаните. И ако ме прашате што значи Европа, европа значи токму тоа институците им служат на сите граѓани подеднакво, значат фондови за социјални услуги на локално ниво кои ќе гии поддржат граѓаните во секојдневното живеење, значи создаваме услови да родителите се на работа, а децата се во предучилишно образование и добивата еднаков старт и оние од руралните средини и оние од градските средини. Во моментов се гради градинка и во Кривогаштани и таа ќе биде стартувана до крајот на оваа година. Токму затоа ги повикувам сиите граѓани на 30 септември да излезат и сите заедно да кажеме ДА за Европска Македонија“, истакна Царовска.

 

И градоначалникот Јованоски изјави дека се надевал после 30 септември дека ќе имало можност да се искористуваат повеќе ЕУ фондови за вакви намени како што се овие центри.

 

„Во тек се последните градежни работи кои се иизвршуваат и сеона што е потребно за просториите. И мислам дека за 15-тина денови овој Центар ќе биде пуштен во употреба. Завршен е јавниот оглас за прием на кадрите во овој Центар. Ќе има и други кадри како што имам споменато и претходно, родители на децата кои ќе бидат вклучени како вработении во овој Центар и мислам дека во иднина се што ќе им биде потребно на овие лица и другите лица со посебни потреби ќе ги имаме потребниите услови за нив. Се надевам дека после 30 септември ќе имаме повеќе фондови од ЕУ со кои ќе создадеме уште подобри услови ии мислам дека после Скопје, Прилеп ќе биде втор град во Македонија кој ќе има ваков Центар за лица со церебрална парализа“, истакна Јованоски.

 

Од двиижењето „Полио Плус“ порачаа повеќе да се инвестира на локално ниво во различни сервиси за поддршка на лицата со хендикеп.

 

„Дневниот Центар е еден од формите за поддршка на граѓаните со хендикеп на локално ниво и Прилеп ме радува што е еден од примерите за останатите општини, као треба да се работи на локално ниво, имајќи во предвид дека многу малку е инвестирано и вложено на локално ниво токму во поглед на градење на различни сервиси за поддршка како Дневните центри“, рече Елена Кочоска, движење „Полио Плус“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien