„Традицијата е код, традицијата е течение“- изложба на дела од ДЛУП

Под мотото „Традицијата е код, традицијата е течение“ во вторник 4 септември 2018 во 20.00 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела од членовите на ДЛУП.

 

Ова е проект кој во својата програма ги покрива сите ликовни дисциплини сликарство, скулптура, графика, фотографија, филм, видео, перформанс,.. а ќе се претстават околу 20 уметници.

 

„Идејата е да се охрабри истражувањето на љубопитните духови низ координaтите на уметноста, со цел да го пронајдат сопствениот автентичен израз инспириран од народното творештво. Во основа изложбата е обид за воспоставување на врска меѓу традицијата и современиот живот, како и враќање на изгубените корени“, велат од ДЛУП, потенцирајќи дека задачата е стимулирање на имагинацијата на прилепските ликовни автори.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien