ВИДЕО – СДСМ: Само некој кому бизнисот и провизиите му се поважни од нашите најмлади може да смисли ваков проект

Проектот за кој се потрошени 12 милиони денари за изградба на училиште среде поле со тутун, во кое надвор од сите норми и стандарди требаше да учат деца од населбата Сточен пазар, може да смисли само некој кому бизнисот и провизиите му се поважни од образованието, здравјето и безбедноста на нашите најмлади, истакнаа денес на прес конференција од ОК СДСМ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Очајот и безнадежноста на локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која за најважните прашања во државата нема став, се гледаат и од авион. Наместо да се оградат од политиките на Марјан Ристески и неговите соработници, кои за 12 години владеење станаа синоним за криминал и корупција, прилепските челници на ДПМНЕ поддржуваат проекти од кои треба да се срамат.

Проектот за кој се потрошени 12 милиони денари за изградба на училиште среде поле со тутун, во кое надвор од сите норми и стандарди требаше да учат деца од населбата Сточен пазар, може да смисли само некој кому бизнисот и провизиите му се поважни од образованието, здравјето и безбедноста на нашите најмлади.

Господа од ДПМНЕ, ајде барем еднаш бидете искрени и одговорете дали вие на вашите деца би им дозволиле да посетуваат настава во училиште до кое нема пристапен пат, во кое нема струја, вода и канализација, училиште без училишен двор, од кое на само 20-тина метри учениците ги демне опасноста од незаградената река.

Ги повикуваме надлежните институции под итно да откријат дали изградбата на ова училиште претставува класична злоупотреба на службената должност на екс градоначалникот Марјан Ристески и неколкумина други партиски послушници и „дил ориентед“ функционери од локалната самоуправа. Очигледно е дека објектот е завршен само во градежниот дел и во оваа фаза никако не може да биде пуштен во употреба. За да се случи тоа потребано е да се направи поврзување на потребната инфраструктура, да се изврши атест за вградената пп инсталација, партерно да се уреди, осветли и огради градежната парцела. Да се овозможи пристап до неа за интервентни возила, како и колски пристап до самата парцела.

Ова што исто така треба да се истакне е дека објектот го градела кумовската и омилена фамилија, фирма на Марјан Ристески, Новоградба. Според сето ова, повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески воопшто немале намера да направат функционално училииште за учениците од овој дел на градот, туку истото го граделе од чист популизам и за нечиј бенефит.

Ги повикуваме сите надлежни државни органи детално да го испитаат овој случај и доколку се утврдат докази за постоење незаконски дејствија, против инволвираните лица да поднесат соодветни пријави.

 

Дали вие како нова локална самоуправа имате идеја што би бил овој објект во иднина, затоа што се потрошени 12 милиони денари народни пари и доколку не се стави во каква и да било функција ќе започне да се руинира?

 

За ова став ќе добиете одговор од локалната самоуправа. Овде сум како член на СДСМ и ние јасно и гласно имаме кажано – нулта толеранција за корупција, нулта толеранција за криминал, повикуваме секогаш до сите надлежни органи, вклучително и локалната самоуправа, доколку има некои неправилности од страна на надлежните органи кои се занимаваат со корупција и криминал да си постапат, а апелираме до локалната самоуправа да работи во интерес само на граѓаните, а не дополнително да ги комплицира, како што е овој случај овде и со минатата локална власт да го комплицира животот на граѓаните, а секако како една одговорна партија апелираме најмногу да се води грижа за нашите млади граѓани во градот Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien