Витаминка кечапот во нова подобрена амбалажа

Витаминка кечапот е достапен во нова, подобрена амбалажа. Промената се должи на посветеноста на компанијата кон постојано унапредување на квалитетот на своите производи.

 

Во новата амбалажа е применета современа технологија со којашто се спречува истекување на капките при користење и уште поважно, со модернизација на истата се гарантира подолго задржување на свежината на вкусот. При подобрување на дизајнот и корисничката погодност, сега во новата и модерна амбалажа покрај врвниот квалитет, задржан е истиот препознатлив вкус.

 

Модернизацијата е применета на двата вкуса, благиот и лутиот и за амбалажите од 300, 500 и 1000 грама.

 

Витаминка кечапот е направен со целосна посветеност и грижа а за квалитетот на основната состојка – доматот, се посветува посебно внимание, со цел на овој производ да му даде особен белег на изворност и единствен вкус.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien