ВИДЕО – Атанасов : Во циклусот 2021-2027 ќе бидат дуплирани ЕУ фондовите за Македонија

Во комуникација сум со националната агенција за образовни политики, каде што изминативе неколку години близу 98% е искористеноста на фондовите од ЕУ, особено Еразмус проектите и проектите со младите: Истакна денеска заменик министерот за образование Петар Атанасов, при посетата на ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп.

 

 

„Во циклусот 2021-2027 ќе бидат дуплирани фондовите за Република Македонија, каде колку што ќе растат капацитетите на образовните институции и воопшто на државните структури, толку повеќе ќе можеме фондови да црпиме. Сето тоа е врзано и со државата и нашето зачленување во ЕУ, или патот до отворање на преговори, за да можеме што побрзо да бидеме корисници на овие програми. Со самите приближувања на Република Македонија и кон ЕУ и кон НАТО ќе се отвораат нови работни места, ќе има потреба од кадри и млади луѓе од Република Македонија што ќе бидат вклучени во овие структури, но секако и приближувањето на европското образование кон нашите простори, размената, мобилноста, ќе придонесе Република Македонија и цело општество да се приближи кон еден помодерен живот, поквалитетен живот, а без образование се разбира нема одење напред“, истакна Атанасов.

 

Атанасов денеска освен ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп го посети и СОУ „Кузман Јосифоски Питу“.

 

„Се работи моментално на иновирање или на нови идејни програми, кои евентуално од наредната или годината потоа би се имплементирале во насоките на тоа средно стручно образование, за да им ги приближиме на децата програмите, но и да ги приближиме до пазарот на трудот, каде што покасно со некои помодерни програми ќе ги приближиме до нивните први работни места“, додаде Атанасов.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien