ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Локална власт во Прилеп не е способна да одржува неколку фонтани, не пак да изгради нешто свое

На неспособноста на СДС на локално ниво и нема крај. Ако Прилеп некогаш важеше за еден од најубавите градови во Македонија, со комплетно променет естетски лик, денес за жал сведочиме за негово секојдневно пропаѓање. Истакнаа денеска на прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Новата локална самоуправа по којзнае кој пат покажува дека е кадарна само за непотизам, партиски вработувања и мизерен процент реализација на капитални проекти. Граѓаните се свесни дека овој мандат на локално ниво на чело со СДС е едно залудно потрошено време.

 

Локалната власт предводена од градоначалникот Јованоски не само што не реализира ниту еден значаен проект од предизборната програма, туку наптротив го уништува и сето она што го наследи од претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прилеп беше град препознатлив по зелените парковски површини и фонтани, распространети речиси низ сите населби. Во текот на вчерашниот ден, граѓаните од општина Прилеп изразија загриженост поради сликата со која се соочија во нивните населени места. Сведочат како тоа коритата низ кои поминува водата се посипуваат со песок, па така се поставува прашањето дали локалната власт планира да ги стави вон употреба фонтаните ширум градот?

 

Дали оваа локална власт на чело со Илија Јованоски не е способна да одржува неколку фонтани, не пак да изгради нешто свое, нешто ново?

 

Парковите во Димо Наредникот, паркот во населба Ѓогдере се само дел од местата кои важеа за едни од најубавите во општина Прилеп, а секојдневната негрижа на СДС ги враќа во времето на Пирганоски, кога освен ископини и песок, немаше речиси ниту една уредена парковска површина.

 

Ситуацијата со градските фонтани е исто така загрижувачка. Истите се претворени во мочуришта и треба да се испита дали истите претставуваат извор на зараза и бактерии.

 

Ја повикуваме локалната власт под итно да преземе мерки околу нормалното функционирање на Прилеп и да направи напори, кога веќе не е способна да инвестира во нешто ново, да не го уназадува она што не го изгради. Прилеп и прилепчаи не заслужуваат град кој секојдневно се распаѓа!

 

Со заминувањето на СДС од власт, ветуваме дека ќе го вратиме повторно сјајот на градот, затоа што Прилеп го заслужува тоа“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien