ВИДЕО – Во Прилеп се одржа националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ денеска се одржа и во Прилеп. Акцијата е за собирање храна, која пак е во организација на мрежата „Сите сити“, а чиј идеен идеен творец е Асоцијацијата „Ајде Македонија“.

 

 

 

 

„Нахрани 10.000“ е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани. Амбицијата е овој настан да прерасне во континуирана едномесечна акција во 10 градови од земјава Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Кочани и Виница.

 

Акцијата ја поддржа и Граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“, а во Прилеп таа беше поддржана од Црвениот крст и здружението на лица со интелектуална попреченост „Порака“.

 

„Во Прилеп имаме акција насловена како „Нахрани 10.000“. Акцијата започна утринава во 10 часот, а ќе трае се до 19 часот. Претходно ги поканивме сите компании и сите граѓани кои сакаа да учествуваат во оваа акција. Акцијата се спроведува во 10 градови и мислам дека Прилеп ќе биде носител на акцијата. Имаме штандови во центарот на Прилеп, на плоштадот и кај „Марко Цепенков“ наспроти Тинекс.  Оваа акција ја поддржа здружението „Порака“ и Црвениот крст. Ова се организира за прв пат и планираме секој месец да има по една ваква акција да се донира вишокот на храна. Морам да кажам дека во оваа прва акција некако како да ги нема поголемите компании Прилеп, но се надеваме дека тоа ќе се измени наредниот месец“, вели Раде Аљакоски, здружение „Порака“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien