Столтемберг: Членство во НАТО без прифаќање на Договорот за името е целосна илузија

За неколку недели ќе имате референдум на кој треба да се одлучите за иднината, за вашето членство во ЕУ и во НАТО. На вас е да одлучите дали ќе гласате и ќе го изразите мислењето, а НАТО е подготвен да ве прифати како 30. земја-членка, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

 

Првиот човек на НАТО вели дека  на самитот во јули, сите членки на Алијансата се согласиле Македонија да стане членка и да почне преговори за пристапување, но сепак илузија е да се мисли дека може да станеме членка на НАТО без целосна имплементација на договорот.

 

„Ако го имплементирате договорот за името, ке станете земја-членка на НАТО. Да се отфрли Договорот за името, а да се очекува членство во НАТО е целосна илузија. Се надевам дека следниот пат кога ќе дојдам тука, ќе дојдам како земја-членка на Алијансата“, кажа Столтенберг.

 

Тој додаде дека членството во НАТО обезбедува и економски просперитет и ја спомена Црна Гора во која, како што рече, откако лани пристапила кон алијансата инвестициите во земјата двојно се зголемиле.

 

Столтенберг веќе одржа средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

 

Се најавува дека првиот човек на НАТО утре ќе замине за Грција на работна вечера со премиерот Алексис Ципрас.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien