Франкфурт воведува забрана за дизел возила

Пo Хамбург и Штутгарт, забраната за дизел доаѓа и во Франфурт, а може да влијае на една четвртина од возилата во градот, како и на безброј патници. Ваква одлука донесе Управниот суд во Висбаден, со цел одобрување на квалитетот на воздухот во градот.

 

Судот пресуди во корист на групата „Акција за заштита на животната средина Германија“, која го иницира процесот тврдејќи дека Франкфурт не ги исполнува стандардите на ЕУ кога станува збор за нивоата на азотните оксиди. Организацијата го доби случајот по одлуката на Уставниот суд во февруари, која дозволи забрана за дизел гориво во градот.

 

„Забраната за возење е неопходна бидејќи сите други мерки што ги разгледува државата нема да доведат до значително намалување на емисиите на азотни оксиди во соодветно време”, рече претседателот на судовите Ролф Хартман.

 

Во Германија, Хамбург веќе забрани постари модели на дизел возила на одредени патишта, додека властите на Штутгарт исто така планираат следната година да ги забранат во некои делови од градот. Овие забрани се базираат на судската пресуда од февруари која на градовите им овозможи во мерките за заштита на воздухот да ја вклучат и забраната за употреба на дизел возила.

 

Другите градови, вклучувајќи ги Ахен и Дизелдорф, исто така, размислуваат за забрани.

 

Засега не е познато колку возила ќе бидат погодени од судската одлука.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien