ЈКП „Комуналец“ : Фонтаните на „Димо Наредникот“ се затрупуваат поради безбедност на децата

Централниот дел на улицата „Димо Наредникот“ е граден и пуштен во употреба во 2009 година. Од самиот старт со работа на овие улични фонатани/ гејзери,  се јавија големи проблеми во работењето на системите за регулирање и вртење на водата, како и системите за естетско осветлување, заради фрекветноста во сообраќајот на оваа улица. Велат во денешното соопштение од ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Години и години, фонатаните повеќе не функционираа, отколку што функционираа. Последниве три години, воопшто не беа пуштени во работа, ниту  ја вршеа функцијата за која беа изградени.

 

Но, како главна причина за нашето моментално преуредување на овој дел е безбедноста во сообраќајот и најмладите. Децата, често гејзерите ги користеа за игра, а системите за вода и осветлување користат електрична енергија.

 

Но, секоја изведба и изградба има свој рок на траење и оправданост во функционирањето и пред се безбедноста. Централниот дел, иако во првите две години беше новина за сите нас и украс на градов, последниве години се покажа како нефинкционален и небезбеден, па отука и одлуката, тој да се преуреди во цветна алеа која ќе претставува украс во населбата „Димо Наредникот“.

 

Детскиот парк со езеро во населбата „Ѓогдере“ е изграден со средства од Локалната самоуправа со изведувач. По неговата изградба освен делот со детско игралиште, езерото не е ставено во функција. Граѓаните од населбата езерото го сметаа небезбеден за најмаладите и испраќаа петиции до Општината и до „Комуналец“.

 

Локалната самоуправа ни издаде налог за преуредување на овој дел. Од пред 2 недели е комплетно преуреден во парк со тревната површина и хортикултурно уредување и е ставен во функција на градот и граѓаните“, велат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien