Ќерката на Никола Димитров добила стипендија од 40.000 долари

Јана Димитрова керка на министерот за надоверешни работи Никола Димитров ,во август минатата година од Министерството за образование и наука добила стипендија за студии во Холандија во висина од 40.000 долари.

 

Како што пишува порталот Магазин, минатата година на 4-ти Август тогашната министерка за образование,а сега за правда Рената Дескоска, со решение број 14-9573/1 формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство. Со комисијата претседавала Маринела Маричиќ Тушева, поранешна пратеничка од СДСМ и сопруга на приот советник на Заев за надворешна политика, Бојан Маричиќ. Веднаш, истиот ден комисијата се состанала и oдлучила по барањето на Јана Димитрова, ќерка на тогашниот и сеуште актуелен министер за надворешни работи Никола Димитров, да и додели стипендија за студии во Холандија во висина од 40.000 долари.

 

Таткото на Јана, Никола пак, според имотниот лист што го пријавил во Државната комисија за спречување на корупција, во Холандија има стан од 132м2 во Хаг, кој пак е оддалечен 69 километри од Утрехт, односно 40 минути возење со воз до Универзитетот на Димитрова.

 

Од Влада реагираа со соопштение дека Јана Димитрова ги исполнила сите строги критериуми на конкурсот.

 

“Стипендии добиле сите кои се запишале на првите 100 универзитети од шангајската листа, а останале и слободни места. Секој студент којшто ги исполнува строгите критериуми за упис на најдобро рангираните 100 универзитети има право да добие стипендија и не смее да биде дискриминиран, а истото важи и за ќерка на сегашен функционер”, се вели во соопштението испратено од Влада.

 

Се огласи и Министерот за надворешни работи, кој на неговата страница на „Фејбук“ објави дека е згрозен од, како што напиша, вовлекувањето на неговото семејство со очигледни политички мотиви и се извини на својата ќерка Јана за грозните пораки кои ги добила.

 

„Пред сè, сакам јавно да ѝ се извинам на ќерка ми за грозните пораки што ги добила и за јавното изложување што го предизвикала единствено затоа што е одговорна и способна. Затоа што успеа да се запише на еден од најдобрите универзитети во светот. Гордост моја! Ударите за мојот политички ангажман упатете ги кон мене“, напиша Димитров.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien