ВИДЕО – СДСМ : Во моментов ЕУ одвојува 260.000 евра дневно како поддршка за Македонија

Сакам да напоменам, после долги години неизвесност и изолација, Македонија се враќа на правилниот пат. Историската одлука за влез во НАТО и ЕУ, пред која сме денес исправени носи огромни придобивки за нашата економија и повеќе пари за граѓаните. Истакнаа на денешната прес конференција од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конферецнијата ја пренесуваме во целост.

 

„Со пристапните преговори, а потоа и со членството во ЕУ се отвораат новите европски фондови, а старите постојано ќе се зголемуваат. Во моментов, ЕУ одвојува 260.000 евра дневно како поддршка за Македонија. На годишно ниво, тоа се 90 милиони евра, кои што нашите европски пријатели ги вложуваат во нашата инфраструктура, земјоделство, здравство, образование и младински политики.

 

Македонија добива 15.5 милиони евра годишно преку ЕУ програмата за транспорт за патишта, мостови, железници, тунели и друга инфраструктура. ЕУ одделува 15 милиони евра за земјоделството во Македонија, само за 2019 година.

 

Со полноправното членство, средствата од овие фондови неколкукратно ќе се зголемат. Ќе се градат нови патишта, мостови, водоводи, канализации, училишта и градинки. За подобар живот на сите граѓани, за подобро утре на нашите деца. Ќе се зголемат фондовите и за земјоделците. Тоа значи повеќе европски средства за субвенции, за механизација, за повисок приход и подобар производ.

 

Со влезот во ЕУ влегуваме во пазар со 500 милиони потрошувачи, или 250 пати повеќе од нашиот домашен пазар. Таквиот пазар гарантира зголемена побарувачка на нашите производи, сигурен пласман и далеку повисоки откупни цени. Инвестициите ќе растат, а невработеноста ќе се намалува.

 

Загарантирана е и безбедноста на нашата држава. Европските пријатели одделуваат 8.5 милиони евра европски пари за заштита на границите на Република Македонија само во 2018 година.

 

Почитувани граѓани и вредносто и цивилизациски и геогравски припаѓаме во ЕУ и НАТО. Затоа на 30 септември да го направиме одлучувачкиот чекор, да излезиме и да заокружиме за европска иднина, за европска Македонија“, велат од од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien