Заев: Посетата на Курц е доказ дека сме на правиот пат

Посетата на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, значи дека Македонија се вратила на европскиот пат, порача премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција.

 

„Посетата на Курц е потврда дека Македонија се врати на вистинскиот пат – европскиот пат. Светот ни порача дека не чекаат во ЕУ  и НАТО – и пристигнаа датумот за преговори со ЕУ и поканата за НАТО. Сигурен сум дека зад одлуката на ЕУ да добиеме датум за преговори стои фокусот на австриското претседателство со Европската унија која јасно се определи да ги реализира европските перспективи на Западен Балкан“ кажа Заев.

 

Според македонскиот премиер, Македонија ќе остане посветена и ќе остави позитивен пример во светот. Заев го повтори и ставот дека е убеден дека референдумот во Македонија ќе биде успешен.

 

„Поттик за нас е што Австрија ја препозна Македонија како надеж за Европа. Ова го прифаќаме како обврска. Вашата посета е силна порака во пресрет на референдумот и јас верувам дека мнозинството граѓани ќе го дадат својот глас за иднина. Македонија се врати на европскиот пат, покажавме храброст и сакам да изразам голема благодарност кон Австрија, таа е  најзначаен економски партнер“, порача Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien