Курц ги повика граѓаните да гласаат „за“ Договорот и „за“ европската перспектива

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги повика граѓаните да излезат на рефeрендумот и да го подржат Договорот со Грција, а со тоа и евроатлантската перспектива на земјата.

 

На заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Курц го поздрави компромисот за името и кажа дека решавањето на ова прашање е шанса за Македонија, за европската динамика. Но, нагласи дека одлуката за гласањето на референдумот е на секој поединец.

 

„За Македонија решавањето на спорот за името претставува голема шанса, но и за целиот регион. Би сакал граѓаните на Македонија да ги поканам да учествуваат на овој референдум и да се изјаснат „За“ решавање на спорот за името и за европската перспектива. Секако тоа е одлука на секој поединец и не е  мое да одлучувам за друг, но како пријател на Македонија кој доаѓа од земја членка на ЕУ сметаме дека ке биде позитивно ако има голем одзив и позитивен исход на референдумот“ кажа Курц.

 

„Австрија е  најважниот инвеститор во Македонија но и пријател на Македонија и освен тесна економска соработка не поврзува  и човечко пријателство, а сакаме да живееме и во заедничка иднина“, додаде Курц.

 

Од 1 јули Австрија го презеде претседателството со Советот на ЕУ, за следниве 6 месеци. Мотото на нејзиното претседателство е „Европа што заштитува“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien