ВИДЕО – Голем дел од иконите, фреските и црквите во прилепскиот регион во катастрофална состојба

Голем дел од иконите и фреските во црквите во прилепскиот регион се во катастрофална состојба и потребна е нивна итна заштита и конзервација. Ова го покажал проектот на Заводот и Музеј Прилеп за реевидирање на иконите во прилепско кој се спроведува веќе 3-та година по ред. Досега биле посетени околу 30-тина села каде се евидентирале 511 икони кои датираат од 16 па се до 19 век.

 

 

 

 

„Можам да кажам дека половина од црквите се во таа состојба исто и иконите. Ако евидентиравме 511, стотина од нив се во катасрофална состојба, значи катастрофална сотојба, а не состојба која бара само една конзервација. Потребна е и реставрација, бидејќи доста има оштетени икони“, вели Мимоза Христоска, кустос и историчар на уметност.

 

Поради оштетените кровови уништени биле и фрескоживописите од течењето на вода во самите цркви.

 

„Самите луѓе имаат многу малку можност да извршат некое видоизменување на крововите на црквите, затоа Заводот и Музеј Прилеп е секогаш на располагање, луѓето може да контактираат со нашите архитекти за да може да им кажат кој е најдобар начин за заштита и реконструкција или како да се направи дренажа на самите цркви“, додаде Христоска.

 

Моментално во тек била конзервацијата на дел од фрескожиписите во прилепско, но за жал парите кои државата години наназад ги одделува за заштита на културното наследство се премногу мали. Ако се работи со ова темпо ќе бидат потребни децении или векови да се заштити културното богатство.

 

„Моментално Заводот и Музеј Прилеп работи на заштита на фрескоживописот во Зрзе и манастирот Свети Никола во Манастир во Мариово. Тоа е долготраен процес, не може само да влезете во црквата и тоа да го завршите за еден месец, самиот процес е подолготраен и затоа не можеме во еден замав да се заштитат повеќе цркви“, рече Христоска.

 

Во 2019 година ќе се прави и реевиденција на иконите и црквите во градот Прилеп. Од Заводот и Музеј Прилеп велат дека в година ќе поднесат проекти за да побрзо се заштити ова наше културно богатсво.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи