ВИДЕО – Прилепчаните паднале во провалија длабока 50 метри, пожарникарите 5 часа ги ваделе телата

Двајца прилепчани го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа која се случила 20 минути после полноќ на преминот Плетвар, кај селото Тројаци, во близина на каменоломот. До несреќата, во која животот го загубија 37 годишниот О.И и 56 годишниот Р.М. дошло кога од засега непознати причини возилото „Опел Астра“ со прилепски регистарски таблички, управувано од О.И. излетало од патот, пробивајќи ја заштитната ограда на мостот и паднала во провалија длабока 50-тина метри.

 

 

Увид на лице место извршиле припадници на ПС Прилеп и Јавното обвинителество, а поради непристапниот терен за извлекување на телата била повикана и противпожарната екипа која скоро 5 часови се обидувала да ги извлече починатите од провалијата.

 

„Веднаш се упати една екипа со 3-јца пожарникари. Кога се пристигна на лице место се виде дека се работи за специфичен случај, возило падната во провалија, некаде од 40 до 50 метри длабока провалија ии веднаш е побарано помош од уште едно возило со дополнителни 3-јца пожарникари. Почната е постапка на извлекување и извлечени се телата“, вели Станко Колески, командир на ТППЕ Прилеп.

 

За време на увидот и извлекувањето до 05.00 часот утринава сообраќајот на Плетвар се одвивал со наизменично пропуштање на возилата. За да се утврди точната причината како дошло до оваа несреќа јавниот обвинител наредил врз телата на починатите да се изврши обдукција.

 

И покрај решението со изградба на трета лента Плетвар останува една од црните точки во Македонија со најголем број сообраќајни несреќи во текот на годината. Решението за намалување на бројот на несреќи се гледа во изградбата на новиот експресен пат Прилеп-Градско која е во тек.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien