Денеска Собранието официјално ја почнува кампањата за референдумот

Официјално од денеска започнува кампањата за престојниот референдум кој ќе се одржи на 30. септември и на кој граѓаните ќе треба се изјаснат дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција.

 

Носител на кампањата е Собранието на Република Македонија. Претседателот Талат Џафери во петокот најави транспарентно водење на кампањата, без дискриминации, предрасуди и почитување на волјата на секој граѓанин.

 

„Колку ќе потрошиме од максимумот, толку ќе платиме, во согласност со дневниот медиаплан“, изјави претседателот на Собранието и додаде дека Парламентот наменските средства не може да ги троши за други намени, а останатите непотрошени средства ќе се вратат во буџетот.

 

Ги повика сите учесници да се однесуваат соодветно, кореткно и да ја истакнат својата волја.

 

Во кампањата ќе се вклучат 71 пратеник. Само ВМРО-ДПМНЕ го известила Џафери дека нема да учествува во кампањата.

 

Собранието ќе откупи простор во 65-те медиуми кои до 10 август доставиле ценовник до ДИК. Собранието и пратениците ќе имаат на располагање девет минути во еден час да ја реализираат својата кампања.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien