Камбовски: МАНУ ќе се залага да не се преименува во Академија на науките на Северна Македонија

Договорот со Грција е оптимален, а илузија е да се помисли дека некој можеше да го склучи подобро, вели академикот Владо Камбовски.

 

Според поранешниот прв човек на академијата, договорите со Бугарија и Грција се добар пример и основ за склучување на слични договори со останатите соседи. За Камбовски, најзначајно е тоа што со договорот од Преспа, идентитетот и јазикот се обезбедени, а вели дека МАНУ ќе се залага за задржување на акронимот без да се преименува во академија на науките на Северна Македонија. Според него, има простор за либерлано толкување на членот од договорот кој се однесува на кодовите и придавките на државните институции.

 

„Кога ќе дојде време за имплеметација на договорот, ние ќе се обидеме да дадеме доволно аргументи дека МАНУ, МНТ и Филхармонијата треба да ја задржат автономијата на употреба на терминот македонски. Точно, МАНУ има финансиска поддршка од државата, но се работи на реформи за деетатизација. Задржувањето на придавката нема да има штета за другата страна зашто тамошната Атинска академија не ја користи истата придавка“, порача Камбовски.

 

Професорот Камбовски се поправи и за претходната изјава, дека бојкотот е кривично дели и истакна дека била погрешно протолкувана. Според него, присилбата на бојкот е кривично дело, а не и повикување на истото. Излагањата на Камбовски се во пресрет на утрешната научна расправа посветена на договорот од Преспа.

 

Неговите ставови, како што кажа, не се заеднички и официјални на цела МАНУ, бидејќи како што истакна има академици кои не се согласуваат со нив, односно дека се научни и на центарот за стратегиски истражувања при академијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien