Селото во кое не можете да живеете доколку не сте оперирани од слепо црево

Животот на Антарктикот не е лесен, особено ако земеме во предвид дека температурите се спуштаат и до -50 степени, па затоа некогаш жителите цели недели не излегуваат од дома.

 

Чилеанското село Вила лас Естрелас, кое се наоѓа на Антартикот, а всушност е истражувачка и воена база која е оддалечена илјадници километри од првата поголема болница, па луѓето тука можат да се доселат само ако имаат оперирано слепо црево. Тоа правило важи и за научниците и воените лица кои претежно ја населуваат оваа база, но не и за нивните семејства.

 

Во самото село има само неколку лекари, но никој од нив не е специјализиран хирург. Затоа оние кои доаѓаат тука мора да бидат подготвени на фактот дека итните операции не можат да се изведат на лице место, па се прилагодуваат на таквите услови за живот.

 

Исто така, на жените кои живеат во оваа база не им се препорачува да забременат.

 

Во лето тука живеат дури 150 жители, а во зима бројката е преполовена. Во селото постојат основни институции, мало училиште, пошта, банка, теретана, руска православна црква и мала сувенирница, па дури и хостел со дваесетина кревети. Комуникацијата со остатокот од светот ја одвиваат преку сателитски телефони, а на училиште има и неколку компјутери со пристап до интернет.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien