Филмска потера на аеродромот во Лион

Сите летови на аеродромот во Лион привремено биле запрени, додека на пистата и покрај неа траела потера по човек кој со возило влетал на пистата.

Според извештајот на радиото Европа 1, претходно било пријавено дека возило се движи со прекумерна брзина на автопатот што води кон аеродромот во тој француски град, пренесе Спутник.

 

Кога полицијата тргнала по пријавата за автомобилот, возачот ја пробил безбедносната барикада поставена околу пистата на аеродромот и влетал на една од пистите. Тогаш тргнала потерата по него, прво со амбулантно возило, а потоа пристигнала и полицијата и специјалните сили.

 

Возачот истрчал од автомобилот и почнал да бега, но на крај сепак бил совладан.

 

Локалните медиуми го идентификувале возилото како сив Мерцедес со странска регистрација.

Возачот кој наводно е одговорен за многу штета, е уапсен.

 

Не е објавено дека во инцидентот има повредени.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien