ВИДЕО – СДСМ: На 30-ти септември гласаме за себе, за нашата иднина во европска Македонија

На 30-ти септември не гласаме за партии, ниту за политички лидери, гласаме за себе, за нашата иднина. Затоа ајде сите млади, без разлика на партиска, верска, етничка, или било каква припадност, да се обединиме за нашата заедничка иднина во европска Македонија, порачаа денес на прес конференција од ОК СДСМ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Имаме уникатна шанса, да ја земеме судбината на Македонија во своите раце.

Имаме шанса да го исцртаме патот кон заедничкиот успех преку еден едноставен чекор – глас ЗА, на референдумот на 30 септември.

На 30-ти септември не гласаме за партии, ниту за политички лидери, гласаме за себе, за нашата иднина.

Затоа, ајде сите млади, без разлика на партиска, верска, етничка, или било каква припадност, да се обединиме за нашата заедничка иднина во европска Македонија.

Да ги тргнеме на страна сите наши разлики и да станеме рамноправни со нашите врсници ширум Европа.

Ајде да избереме европско и стабилно семејство во кое сме безбедни, заштитени и во кое имаме сојузници со кои заедно ќе одиме напред.

Подаваме рака за еднакви шанси за сите. За зголемена вработеност на младите. За поголеми приходи, квалитетно образование.

Почитувани млади,

Македонија избира иднина, приклучете се! Членството во НАТО и ЕУ ќе овозможи нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места.

Заедно ќе го запреме трендот на иселување.

Доволно ја баравме Европа надвор од границите. Европа ќе стане наш дом, а Европските стандарди наше секојдневие, тука во Прилеп и во Македонија.

На 30-ти сптември гласаме ЗА европска Македонија!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи