ВИДЕО – СДСМ : Македонско-грчкиот договор е договор за иднината на нашите поколенија

Македонско-грчкиот договор е договор за иднината на нашите поколенија. Со договорот го расчистуваме патот на Македонија за влез во НАТО и ЕУ. Тоа значи сигурност, безбедност, нови инвестиции, нови работни места, поголеми приходи за сите граѓани. Рекоа на денешната прес конференција од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Со Договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото историско и културно наследство кое ја има направено нашата македонска нација славна. Договорот гo гарантира правото на Македонците да се определуваат како Македонци. Нема повеќе оспорувања, од никого и никаде.

 

Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство. Според членот 1 од Договорот, македонскиот јазик е потврден како официјален јазик на нашата земја и станува официјален во најмоќниот сојуз на светот (НАТО) и во најголемата Унија (ЕУ).

 

 

Химната, грбот и знамето не се менуваат. Меѓународните кодови на Македонија не се менуваат, остануваат МК и МКД. Почитувани граѓани, со сето ова, идентитетот е целосно зачуван! Ние сме македонци и засекогаш ќе бидеме македонци, признати и прифатени од сите.

 

 

Договорот го постигнавме преку тешки преговори во кои дојдовме до прифатливо решение за двете страни. Свесни сме за влогот и знаеме дека ова е најдоброто можно и фер решение за граѓаните на Македонија. Ова е реален влог во нашата и во иднината на нашите деца.

 

 

Затоа,ајде на 30-ти септември сите заедно да направиме уште еден историски и патриотски чекор, со кој ќе го изградиме патот за идните генерации. На 30-ти септември да излеземе ЗА европска Македонија. За Македонија, горда, безбедна, економски развиена и рамноправна со сите европски земји“, велат од ОО СДСМ Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien