„Маракана“ ќе гори: Црвена звезда за 3 часа го распродаде цел стадион за сите средби во ЛШ!

Поранешниот европски фудбалски шампион, екипата на Црвена звезда ќе има огромна поддршка на домашен терен на средбите од Лигата на шампионите, откако денеска, за само три часа, ги продаде сите билети за пресметките со Наполи, Ливерпул и со ПСЖ.

 

„Најголемиот успех на Црвена звезда во последните 26 години предизвика неверојатен интерес од црвено-белата публика, па пакетите со билети за групната фаза од ЛШ се распродадени за помалку од три часа“, се пофалија „црвено-белите“.

 

Претходните денови привилигирана можност да дојдат до драгоцениот пакет имаа членовите на клубот, додека утринава во рекордно време се продаде и остатокот од влезниците.

 

Први во Белград ќе гостуваат Италијанците од Неапол и тоа на 18 септември, трофејните англичани доаѓаат на 6 ноември, а најбогатиот светски клуб како шлаг на тортата ќе дојде на 11 декември.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien