Музејот Орсе во Париз прогласен за најдобар во светот

Според податоците на светски популанриот туристички сајт за планирање и резервации „Трипадвајзор“, креирана е листа на најдобрите музеи во светот за 2018 година.

 

Туристите со свои оценки и посети го олесниле изборот на најдобриот музеј во светот, по што Музејот Орсе во Париз, Франција, е прогласен за најдобар за оваа година. Најпосетуван музеј пак е Лувр, кој на листата на најдобри заврши на седмо место.

 

Музејот Орсе е еден од најпознатите уметнички музеи во Париз, со повеќе од 2 милиони посетители годишно, заради што редиците од луѓе во него можат да бидат долги, особено во екот на сезоната.

 

Овој прекрасен музеј, некогаш железничка станица, сега располага со неверојатна колекција на импресионистичка уметност, како и други предмети создадени помеѓу 1848 и 1914 година.

 

Во 2011 година, музејот работеше на реновирање на горниот кат (импресионистичка галерија).

 

За избор на најдобрите музеи се одлучувало со користење на алгоритам, при што предвид биле земени квантитетот и квалитетот на прегледите и рангирањето на музеите ширум светот, собирани во период од дванаесет месеци.

 

Од „Трипадвајзер“ исто така предвид ја имале леснотијата/тешкотијата со која се закажува посета во музеите.

 

„Туристите може да научат повеќе за локалната култура и своите патувања да ги направат понезаборавни со посета на познати музеи“, вели Брук Ференсик, директор за комуникации во „Трипадвајзор“.

 

Според овој туристички сајт, продажбата на билети за музеи минатата година пораснала за 29 отсто. Музеите кои годинава се избрани за најдобри во светот служат како инспирација за луѓето кои патуваат и сакаат да станат дел од тој тренд и да откријат некои од најубавите колекции од областа на уметноста, културата и историјата.

 

После музјот Орсеј на листата најдобри музеи во светот, од второ до десетто место, следуваат: Националниот музеј 11 септември во Њујорк, САД, Музејот Метрополитен во Њујорк, САД, Британскиот музеј во Лондон, Музејот Прадо во Мадрид, Музајот Акропол во Атина, Лувр во Париз, Националниот музеј на Втората светска војна во Њу Орлеанс, Националниот антрополошки музеј во Мексико Сити и Музејот на воени остатоци во Хоп Ши Мин, Виетнам.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien