Салехи: Ако договорот не опстане, нуклеарната програма на Иран ќе биде „посилна“

Директорот на иранската организација за атомска енергија Али Акбар Салехи изрази надеж дека нуклеарниот договор на Техеран и светските сили ќе опстане, но предупреди и дека ако тоа не се случи, иранската нуклеарна програма ќе биде посилна од кога било.

 

„Ако мораме да се вратиме наназад и да се повлечеме од нуклеарната програма, сигурно нема да се вратиме таму кај што бевме претходно. Ние ќе бидеме на многу, многу подобра позиција“, рече Салехи.

 

Директорот на иранската организација за атомска енергија смета дека одлуката да ги повлече САД од нуклеарната програма со Иран, потпишан во 2015, американскиот претседател Доналд Трамп во историјата го „става на страната што губи“.

 

Според него, Трамп нема да има корист од тоа што ги повлече САД од договорт, кој беше постигнат за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама.

 

Во исто време предупреди на тешки последици, ако дојде до нови напади врз ирански нуклеарни научници, кои често се мета на израелската разузнавачка служба во последниве години.

 

Во неделата, Ројтерс објави, цитирајќи ги иранските медиуми, дека Иран ја завршил многу напредната хала за изградба на модерни центрифуги во Натанц, во централен Иран. Во јули Техеран објави дека ја завршил фабриката за ротори што ќе ѝ овозможи на земјата да произведе околу 60 центрифугални машини IR-6. Салехи во тоа време истакна дека фабриката не ги прекршила условите на нуклеарниот договор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien