Седумнаесет години од терористичкиот напад вo САД – денот кога се промени светот

Денеска се одбележуваaт 17 години од терористичкиот напад врз САД, што се случи на денешен ден во 2001-та година, а во кој загинаа безмалку 3.000 лица.

 

Во нападите загинаа вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица исчезнаа. Во меѓувреме, повеќе од 38.000 луѓе страдаа од респираторни и други заболувања од токсичната прашина која покри голем дел од Менхетен при уривањето на кулите.

 

Нападот на 11. септември 2001 година го изведоа припадници  на тероистичката Ал Каида, кои 19 лица со четири патнички авиони, кои ги заробија на аердромот во Бостон, Њујорк и Вашингтон.

 

Станува збор за најсмртоносниот напад на американското тло, кога два киднапирани авиони удрија во кулите „близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, кои потоа се урнаа. Трет авион се урна во Пентагон во Вашингтон, додека четвртиот се сруши во руралниот дел на Пенсилванија, откако претходно патниците успеаа да ги совладаат киднаперите и да ја преземат контролата над авионот.

 

По нападот, Белата куќа на чело со Џорџ Буш објави терористичка војна во светот, што несомнено суштински ги одреди тенденциите на меѓународните односи на првата деценија на 21.век.

 

На местото на кое се наоѓаа кулите во Њујорк издигнато е спомен-обележје на жртвите, а изграден е и новиот Светски Трговски центар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien