УЕФА ќе воведе трето клупско натпреварување

После 22 години, УЕФА ќе започне со емитување на ново, трето натпреварување во Европа покрај Лигата на шампионите и Лига Европа.

 

Иако е одлучено тоа да биде подготвено за сезоната 2021/2022, и понатаму не е познато во кој формат ќе се игра, но бројот на тимови во Европа ќе се прошири на вкупно 96, сметајќи го и новото натпреварување.

 

Ова значи дека во Лига Европа ќе има вкупно 32 екипи, колку што моментално се натпреваруваат во Лигата на шампионите.

 

„Зеленото светло е дадено, се чека одобрување. Сегашниот модел треба да се модернизира“, изјави функционерот на УЕФА и претседател на Јувентус, Андре Ањели.

 

Ањели соопшти дека прво треба да се утврди календарот на натпреварувањата.

 

„Потребна е детална проценка на моменталниот календар на меѓународни натпревари, пред претставувањето на новиот модел“, заклучи Ањели.

 

Она што е сигурно е дека во следниве неколку години не очекуваат сериозни промени во најголемите европски фудбалски натпреварувања.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien