Египќанец уапсен оти појадувал со Саудијка

Египјанец кој живее во Саудиска Арабија е уапсен , откако на Твитер се појавило видео на кое тој појадува со жена , покриена со ниџаб. Ваквиот појадок е забранет во Саудиска Арабија , каде дури и во рестораните за брза храна од светски брендови , мажите и жените седат одвоено .

 

Единствено е дозволено жена да седи со маж во ресторан  , доколку и е татко , сопруг или брат.

 

Министерството за труд и општествен развој на Саудиска Арабија го осомничи Египќанецот за повеќе прекршоци, меѓу кои и „седење на место наменето исклучиво за Саудијци”.

 

Снимката трае 30 секунди, и на неа двојката се шегува за заедничкиот оброк на којшто никој друг не е поканет. „Најконтроверзната“ сцена следи на крајот, кога жената му дава залче храна на Египќанецот. Поради тоа, многумина Саудијци коментираа дека не тој, туку таа треба да биде казнета.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien