ЦИЕС: Енис Барди е највредниот фудбалер во Леванте!

Според ЦИЕС фудбалската опсерваторија (студиски центар поврзан со фудбалските институации како што се ФИФА и УЕФА), Енис Барди е највредниот играч на Леванте, со реална пазарна вредност од 13.9 милиони.

 

Одличната деби сезона во Примера за Енис Барди донесе голем напредок кога се работи за неговата пазарна цена. Македонскиот репрезентативец имаше вредност од 6,8 милиони евра на стартот од минатата сезона, а сега се проценува на двојна вредност од 13,9 милиони.

 

Барди беше еден од најдобрите поединци во шпанската екипа минатата сезона, постигнувајќи девет гола и една асистенција на 26 одиграни натпревари.

 

Својата одлична форма ја пренесе во националниот дрес на Македонија, играјќи од првата минута во двете победи од Лигата на нации, против Ерменија и Гибралтар.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien