Сите граѓани до крајот на годината треба електронски да се регистрираат во УЈП на системот Е-персонален данок

Facebook
Twitter
Email
Print

Сите физички лица кои во текот на оваа година оствариле приход, вклучувајќи ги и оние кои примале и само плата и пензија, најдоцна до крајот на оваа година треба електронски да се регистрираат во Управата за јавни приходи на системот Е-персонален данок.

 

Ова е потребно за да може од почетокот на наредната година УЈП да ја реализира најавената новина годишните даночни пријави да ги изготвуваат даночниците, а не граѓаните како до сега.

 

Електронската регистрација се врши преку веб-страницата на Управата во системот е-пдд.ујп.гов.мк. Регистрацијата потоа треба да се однесе на шалтер во една од канцелариите на УЈП за да се потврди. Од УЈП посочуваат дека ова се прави само еднаш, а потоа лицето влегува во нивниот систем со валидната електронска адреса преку која ќе се врши комуникацијата.

 

Лицата кои немаат можност електронски да комуницираат со УЈП, како на пример дел од пензионерите, треба на нотар да ополномоштат лице кое целосно или делумно ќе ги застапува, а исто така, можат со него да дојдат на шалртер во УЈП и да се регистрираат.

 

Од УЈП ги повикуваат граѓаните регистрацијата да ја извршат што поскоро и да не го чекаат крајниот рок 31 декември годинава, а таа обврска ја имаат сите физички лица кои оствариле приходи по кој било основ, кои се оданочуваат со персоналец – плата, пензија, регрес за годишен одмор, закуп, добивка од игри на среќа, од странство и други.

 

Нерезидентите, односно странците ќе се регистрираат со матичен број што ќе им го додели УЈП. Не треба да се регистрираат само лицата кои веќе ги има во системот на Е-даноци.

 

Сево ова е потребно за да може да ја примат годишната даночна пријава за приходите од оваа година, која од 1 јануари 2019 година ќе ја доставува УЈП. Обврска на даночниците е пријавата до обврзникот електронски да ја достават до 30 април, а тие, пак, податоците во неа треба да ги потрвдат или да ги коригираат до 31 мај. Ако не го сторат тоа, пријавата издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

 

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани 13 илјади граѓани, а се очекува дека до крајот на годинава ќе се регистрираат над 400 илјади.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи