Европскиот парламент го активираше Членот 7 против Унгарија

Европскиот парламент изгласа активирање на Член 7 од Договорот на ЕУ против Унгарија поради водење политика која се коси со европската.

 

Како што јавуваат светските агенции, европратениците одлучија на овој начин да ја казнат Унгарија поради подривање на вредностите на Унијата, како обидите за замолчување независни медиуми, активности против невладини организации, отстранување независни судии.

 

За покренување на процедурата за активирање на Член 7 гласаа 448 пратеници, против беа 197, a воздржани 48. На гласањето му претстоеше бурна расправа во Европскиот парламент.

 

Член 7, познат и како „нуклеарна опција“, на крајот може да доведе до одземање на правото на глас на тужената држава во сите институции на ЕУ.

 

Првпат овој инструмент е употребен во декември, против Полска, а неисполнети реформи во правосудниот систем, што од администрецијата во Брисел беше оценето дека го загрозиле владеењето на правото во државата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien