ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Европската унија денеска ги продолжи санкциите за 44 компании и 155 поединци поврзани со Русија, кои се обвинети дека ја поткопуваат независноста на Украина и ги поддржуваат сепаратистичките движења на истокот на оваа земја.

 

„Наша проценка е дека состојбата не дозволува менување на режимот на санкции“, соопшти Европскиот совет.

 

Санкциите беа воведени во март 2014 година, откако Русија изврши анексија на полуостротов Крим. ЕУ оттогаш ги продолжуваше овие санкции на секои шест месеци.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien